Економија, финансии, бизнис

Контакт

По повод 70 годишниот јубилеј НБРМ организира разни активности и ќе изработи два филма

По повод 70 годишниот јубилеј НБРМ организира разни активности и ќе изработи два филма

2016 година за Народната банка е од големо значење.

Имено, Централната банка оваа година ќе го прослави 70-тиот јубилеј на централнобанкарски активности во земјава.

По тој повод, од Банката информираа дека институционализираното централнобанкарско работење ќе го одбележат преку разни манифестации и настани во текот на целата година.

Со цел да ја информира јавноста од поблиску НБРМ ќе организира настани поврзани во доменот на делување на институцијата, нејзината улога и значењето што го има во домашната економија и истите ќе опфатат активности од областа на финансиската едукацијa, настани за промоција на научно-истражувачката дејност и спортски активности и случувања.

По повод 70-годишниот јубилеј во рамки на  финансиската едукација  НБ ќе изработи два кратки филмови.

Преку првиот документиран видеоматеријал заснован врз историски факти ќе биде прикажана еволуцијата на централното банкарство во Република Македонија во изминатите 70 години, додека преку вториот краток едукативен филмпошироката јавност ќе се запознае со целите, функциите и надлежностите на централната банка.

Исто така предвидени се и еднодневни посети  на ученици од училиштата ширум земјава во НБРМ преку кои ќе се посетува Музејот на Народната банка и Ковницата на пари.

Меѓудругото од Банката истакнаа дека во рамки на јубилејот ќе биде организирана мини маратонската трка покрај Вардар, со што Народната банка ќе даде свој скромен придонес кон промоцијата на поздрав и поактивен живот помеѓу вработените од финансискиот сектор.

Слично

Поврзани вести