Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ПОВЕЌЕ ОД СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Уште една земја откри големо наоѓалиште на злато

ПО ПОВЕЌЕ ОД СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Уште една земја откри големо наоѓалиште на злато

Кина пронајде едно од најголемите наоѓалишта на злато во својата понова историја. 

Ова се случува по повеќе од седум децении. Според податоците на Министерството за природни ресурси, рудникот Дадонггоу, лоциран во североисточната провинција Лиаонинг, содржи 1.444,49 тони докажани резерви на благородниот метал, јавува агенцијата „Анадолија“.

Државниот весник Global Times соопшти дека рудникот веќе ја поминал проценката за економска исплатливост, што го отвора патот кон негов развој и почеток на експлоатација. Се работи за „суперголемо“ наоѓалиште на отворен коп, а официјалните податоци посочуваат дека подрачјето над 720 метри надморска височина содржи околу 2,586 милијарди тони руда. Просечната концентрација на злато изнесува 0,56 грама по тон.

Посебно впечатлив е фактот дека истражувачкиот процес траел само 15 месеци – темпо што кинеските власти го оценуваат како пример за идни „краткоциклични и висококвалитетни“ геолошки истражувања.

Србија исто така откри големо наоѓалиште на злато. 

Рударската компанија „Ердемир“ месецов објави дека открила околу 424.000 унци злато во турската покраина Сивас, чија вредност се проценува на 1,7 милијарди долари.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести