ПО ПОТПИСОТ ОД ИВАНОВ: Студентите не запираат!
По потпишувањето на спорните закони за државен испит од страна на претседателот Иванов, Студентски пленума најави искажување на револт, но и на поинаков начин од досегашниот.
„Ниту државнички, ниту професорски потпис на указите со кои се носат срамните измени во законот за високо образование. Студенти спремни ли сме да го покажеме револтот повторно но и поинаку???“ ги праша Пленум студентите.
Судејќи по првичниот интерес и лајковите се чини дека Пленум ќе ја добие поддршката.
Инаку, во соопштението од кабинетот стои дека заедничка констатација од досегашните средби било дека во Македонија имало неспорна потреба од успешна трансформација на високото образование, дека на нашата земја ѝ се потребни студенти и професори препознатливи и конкурентни на глобалниот пазар на знаење.
Затоа Иванов го потпишал законот. Тој добил цврсто уверување од Владата дека во наредниот период ќе биде организирана сеопфатна стручна расправа за најсуштествените прашања од сферата на високото образование.
Слично
