Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ПОЛНОЌ: Скока цената на бензините и дизелот

ПО ПОЛНОЌ: Скока цената на бензините и дизелот

По цени поскапи од претходните седум дена ќе се точат нафтени деривати.

Оваа одлука ја соопшти регулаторното тело согласно цената на нафтените деривати на светскиот пазар  и курсот на денарот во однос на доларот.

Согласно погоренаведеното, возачите од утре ќе точат Еуросупер БС 95 поскап за половина денар или ќе го плаќаат  67,5 денари за литар.

Од друга страна за еден денар поскапо од ноќеска по полноќ ќе се точат Еуросупер БС-98, Еуродизелот (D-E V) и Екстра лесното масло за домаќинства (ЕЛ-1)

Ако возите на Еуросупер БС 98 во следните седум дена ќе плаќате 70 денари за литар,  Еуродизел (Д-ЕV) ќе се продава за  62,5 денари по литар додека 51,5 денари ќе чини ЕЛ-1.

Скока и цената на мазутот која по полнож ќе се плаќа 37,339 денари за килограм.

Слично

Поврзани вести