ПО ПОЛНОЌ: Промени во цените на бензините и дизелот
Промената на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена денеска предизвикаа проемни во цените на бензините и дизелот во земјава.
Ова станува јасно од денешната одлука на регулаторното тело за енергетика согласно која дизелот бележи мал пад на цената, додека од друга страна бензинот поскапува, односно неговата цена бележи скок за половина денари по литар.
Од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се точи по цена од 67,5 денари а 70 денари за литар возачите ќе плаќаат за ЕУРОСУПЕР БС-98 .
Дизелот од утре на бензиниските станици ќе се продава за 61,5 ден/лит.
Екстра лесното масло за домаќинство исто така бележи пад во цената за половина денар и ќе чини 50 денари, а од друга страна расте малопродажната цена на мазутот која по полноќ ќе биде 33,134 денари.
