Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ПОЛНОЌ НЕМА НАЗАД: Продолжување на политичкиот маратон или трагична разврска?

ПО ПОЛНОЌ НЕМА НАЗАД: Продолжување на политичкиот маратон или трагична разврска?
До полноќ шанса да се спаси договорот од Пржино и Македонија од нова политичка криза До вечерва на полноќ е рокот кога пратениците ќе можат да ја поништат или изменат одлуката за распуштање на Собранието.. Доколку утре се распушти собранието тоа значи дека пратениците можат се состанат повторно само доколку се прогласи за вонредна или воена сосотојба. Поништување на одлуката би значело дека 62 пратеници треба да гласаат за тоа. Иницијативата може да ја поднесат најмалку 20 пратеници. 23 февруари 2016 година е веројатно клучен датум за политичката разврска во земјава. Ќе има или не избори - прашање е сега. Домашната експертска јавност нуди неколку сценарија за излез од кризата. Во меѓувреме, од синоќа во Скопје се европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан. Тие се овде веројатно за да извршат засилен притисок врз домашниот политички естаблишмент дека е неопходен консензус. Две сценарија - првото оптимистично, второто погубно за Македонија Универзитетскиот професор по Уставно право, Светомир Шкариќ во разговор за 24 Вести вели дека во моментот постојат две сценарија. Првото за која се залага професорот е Собранието одлуката за самораспуштање да ја стави „ад акта“ и да продолжи со својата работа, како и досега. Таа атернатива повеќе одговара на духот на пржинскиот договор, бидејќи пржинскиот договор инсистира на демократски и слободни избори со согласност на сите четири потписнички на тој договор, додава Шкариќ. Шкариќ - можен е двоен бојкот на изборите „Ако се отстапи од тој договор ќе настанат одредени последици. Втората алтернатива оди во тој правец, изборите да се одржат на 24 април, но ако се оди на тие избори сосема е извесно дека новофомираното Собрание ќе има тесна изборна основа, бидејќи ќе учествува владеачката партија, без опозицијата и мислам ДУИ. Такво Собрание нема да биде спосбно да ги носи клучните закони. Јас се приклучувам на првата алтернатива, но доколку се инститира да се оди на избори на 24 април, може да се случи двоен бојкот. Прво, изборите ќе ги бојкотираат опозиционите партии и владеачката партија ДУИ, но може спрема изборите таков однос да имаат и набљудувачите, односно Советот на Европа и ОБСЕ да не испратат свои набљудувачи кои ќе ги следат изборите. Ако дојде до вакво нешто може да се случи ЕУ и САД да не ги признаат тие избори. Поради сето ова, земјава ќе влезе во уште потешка криза. Затоа, сугерирам добро да се размисли, да се видат сите консеквенци и да се избере најдоброто решение. А најдоброто решение според мене е да продолжат разговорите, да се превземат сите мерки со кои ќе се согласат четирите субјекти и Македонија да може да организира слободни и фер избори, ако се прекинат разговорите тоа ќе биде трагично и за земјата и за владеачката партија“, тврди професорот Шкариќ, за 24 Вести. Стејт департмент: Законодавците да ја разгледаат можноста за друг датум за избори Претставник на Стејт департментот за Гласот на америка вели САД продолжува да ги поддржува напорите на Македонија за евро - атлантска интеграција. „Во неделата, на 21-ви февруари, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, до Владата на Македонија ја доставија заедничката оценка околу подготовките за одржување на веродостојни парламентарни избори.  Во оценката се наведува дека во моментов не постојат услови за одржување на веродостојни избори на 24-ти април.  Главната точка на таа оценка е дека на Државната изборна комисија  и` е потребно дополнително време да ги изврши своите работни задачи. Подготовките за изборите не треба да се избрзуваат.  Ги охрабруваме законодавците да ја земат предвид вчерашната оценка и да ја разгледаат можноста за одредување на друг датум за избори.  Иако времето е кратко, се` уште има време лидерите да реагираат пред закажаното распуштање на Парламентот на 24-ти февруари, за да се обезбеди дека условите за одржување на веродостојни избори ќе бидат исполнети. САД, во координација со ЕУ, ќе продолжат да ги поддржуваат подготовките за избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и потребата од итни реформи во медиумската сфера и пошироко“, се наведува во писмената изјава на американскиот Стејт департмент по повод актуелните случувања во Македонија. Орав на Твитер Евроамбасадорот Аиво Орав, на „Твитер“ им порача на политичките партии дека утре заедно со европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан треба да постигнат конечно решение за предвремените парламентарни избори. „Амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговараа за ситуацијата. Партиите треба да најдат решение; утре, е последна шанса со европратениците Вајгл, Ховит и Кукан“, напиша Орав. Партиите за оценката на меѓународниот фактор дека нема услови за фер избори ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека има услови за одржување на избори на 24 април. Според партијата, синоќешната оценка на ЕУ и САД е неаргументиран и заснована на политички оценки, а не на факти. Но, од СДСМ го повторија ставот дека изборите на 24 април не може да има поради неисполнување на елементарните услови за нивно одржување во демократска атмосфера и врз основа на критериумите предвидени со Договорот од Пржино. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека опозицијата нема да седи со скрстени раце доколку ВМРО сепак одлучи да организира избори на 24 април. Од друга страна, ДПА и ДУИ, го повторија ставот на меѓународните претставници дека на 24 април нема услови за избори. Талат Џафери признава дека ДУИ го променила ставот, но не и партнерството со меѓународната заедница. И.М
Слично

Поврзани вести