Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ПОБЕДАТА НА МЕРКЕЛ: Eврото падна во однос на доларот

ПО ПОБЕДАТА НА МЕРКЕЛ: Eврото падна во однос на доларот

Еврото потона откако беа познати изборните резултати за најважните избори во Европа. 

Курсот на еврото падна на азиските берзи на нивното отворање во понеделникот наутро, откако изборите во Германија покажаа засилување на позициите на екстремната десница, oбјави Ројтерс.

Курсот на оваа валута  во однос на доларот падна за 0,4% на 1.1906 долари.

Канцеларката Ангела Меркел освои четврти мандат, но ќе мора да изгради кревка коалиција. И покрај нејзината победа, унијата ЦДУ/ЦСУ забележа најниски изборни резултати од 1949 година. Таа вели дека ќе работи за правда и ќе го слуша гласот на гласачите. 

Слично

Поврзани вести