ПО ПАРЧЕ ЛЕБ, ОД ОВИЕ ЗЕМЈИ НАЈМНОГУ ЗАМИНУВААТ: Каде е Македонија на листата иселеници од Балканот ?
БиХ е земја со убедливо најголем процент на граѓани - дури 43,5 отсто - кои живеат надвор од матичната држава. Најмногу живеат во соседна Хрватска, покажува мапата на картографот Јакуб Марин.
Според тие податоци, најмногу граѓани на Хрватска и Црна Гора се отселиле во Србија, најмногу Словенци во Германија, Албанци во Италија, Германци во САД, а Британци во Австралија.
Како што се наведува, голем број иселеници од БиХ е предизвикан од воените настани, а потоа економските причини.
Кога се работи за земјите од регионот, на второ место е Албанија од која се иселиле 38,8 отсто жители, а потоа следат Македонија, од која заминале 24,8 отсто од жителите, најмногу во Турција, од Црна Гора заминале 22,1 отсто, од Хрватска заминале 20,4 отсто, а од Србија 10,9 отсто од жителите.
Најмала стапка на иселеници во Европа има Шпанија , само 2,7 отсто.
