ПО ПАДОТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ќе има ли поевтинувања на останатите производи?!
Од денеска горивата се продаваат по пониски цени. Со новото намалување цените на еуросупер од 95 октани, еуродизел и естра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а еуросупер од 98 октани поевтинува за 1 денар. Од Регулаторната комисија за енергетика појаснија дека одлуката за намалувањето на цените е поради падот на цената на нафтата на светските берзи и зголемувањето на курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.
-Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,67%, односно за 3,28% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 29.12.2014 година.Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен периодизнесуваше 52,583 $/барел и е за 11,28 % пониска од просечната цена на сурова нафта (59,268 $/барел)по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 52,1942ден/$ и е за 1,05 % повисок од курсот на доларот (49,7017 ден/$) по кој беа формирани цените, стои во образложението од Регулаторната комисија за енергетика.
Со новото намалување “еуросупер 95” чини 60,50 денари за литар, “еуродизел” се продава за 51 денар за литар, цената на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 40 денари за литар, новата цена на “еуросупер 98” изнесува 62,50 денари за литар, додека мазутот се продава за 22,892 денари за килограм.Ако се направи споредба со истиот период лани, тогаш еуросупер од 95 октани се продаваше по 77,50 денари за литар, цената на еуродизелот изнесуваше 68,50 денари за литар, а литар еуросупер од 98 октани се продаваше по цена од 79 денари за литар.
Дали намалувањето на цените на горивата ќе ги поевтинат цените во другите сектори?
Цените на бензините изминатиов период континуирано паѓаат како резултат на падот на цената на нафтата на светските берзи. За граѓаните ваквите цени се добредојдени за заштеда во семејниот буџет.Вообичаено кога цената на енергенсите расте, се зголемуваат и цените во другите сектори.
Но сега континуираниот пад на цената на горивата најверојатно нема да донесе бран на намалување на цените во другите сектори. Упатените во нафтениот бизнис псочуваат дека трендот на намалување на цените на горивата треба да значи и поевтинување на цените на прехрамбените производи и превозот.
Бизнисмените коментираат дека таму каде што горивата учествуваат со голем процент во трошоците треба да има намалување на цените. Според транспортерите пак, со ваквото намалување на цените на гроивата ќе можат да работата рентабилно, бидејќи претходно цените не биле рентабилни.
Од Групацијата на такси-превозници велат дека изминативи години голем дел од такси компаниите возат со попуст, поради што цената е иста како кога цената за литар нафта се продаваше по 43 денари. Засега не најавуваат намалување на цените, но доколку продолжи да се намалува цената на горивата, ќе направат пресметки за поветинување на превозот.
- Кога се зголеми цената на горивата, ја зголемивме цената на такси-превозот, но голем дел таксисти возат со попуст од 40 денари. Секако доколку цената на горивата продолжи да се намалува и ние ќе ја намалиме цената на превозот, но сметам дека тоа треба да го сторат и другите, јавниот превоз, производителите на прехрамбени производи и другите сектори, вели Сашо Рајчановски од Групацијата на такси-превозници .
Во градскиот превоз, приватните превозници велат дека во моментов нема да ги намалат цените на билетите бидејќи сметаат дека и сега се ниски. Со намалувањето на цените на горивата ќе ги амортизираат досегашните трошоци, велат Слобода превоз, но не ја исклучуваат можноста доколку се проценидека треба да се намалат билетите, да направат корекции на цените.
-Нема да ја намалиме цената на превозот бидејќи таа прв пат е формирана пред осум години.Во изминатиот период од нејзиното формирање до сега имаше низа поскапувања на горивата и не ја зголемивме цената на превозот, а сега овој пад на цените не е толку драстичен од перодот кога ја формиравме цената на превозот, кога цената на горивата беше околу 55 денари.
Така што ваквиот пад на цени само ќе доведе кај за намалување на загубите и компензирање на одредени загуби кои што се направени во изминатиот период. Ние имаме доста ниска цена на превозот, и во споредба со регионот таа е најниска, и затоа сметаме дека ова е цена која засега ќе остане непроменета. За да се корегира некоја цена треба да се има појдовна основа и да се направат пресметки. Ценовната политика ја утврдува Советот на Град Скопје, и тие ја утврдуваат рамката во која треба да се движи цената, доколку пресметките покажат дека треба да има намалување, тогаш ќе мора да се прилагодиме кон она што ќе биде донесено како одлука од надлежните, вели Ленин Јовановски, претседател на Слобода превоз
И од Градот Скопје кој е задолжен за носење одлуки за евентуални корекции на цените во јавниот превоз велат дека нема да има намалување на цените на билетите во ЈСП Скопје.
- Градот Скопје континуирано го субвенционира превозот на ЈСП „Скопје“ во интерес на граѓаните. Доколку цената на билетот во ЈСП „Скопје“ би се одредувала според пазарната вредност, истата би чинела многу поскапо. Последната промена на цената на билетот е направена на 25.11.2011 година, кога цената на билетот од 25 денари се менува во 30 денари, и од 30 денари во 35 денари за билет купен во автобус на ЈСП „Скопје“. Имајќи предвид, дека Градот Скопје во изминатите години континуирано го субвенционира превозот, цената на билетот остана непроменета и во услови кога имаше значително поскапување на нафтените деривати и бензинот, велат од Градот Скопје.
Нема поевтинување на лебот
Нема да има поевтинување ниту на пекарските производи. Од оваа индустрија посчуваат дека горивата во трошоците учествуваат со мал процент, за разлика од другите ставки како струја, пченица и гас.
-Сегашното намалување на цените на горивата за нас не значи намалување на трошоците. Тие во нашата индистрија учествуваат со најмал процент. Ние имаме големи трошоци за струја, за гас чија што цена не е намалена, исто така најголем дел од финансиските средства ги одвојуваме за набавка на главната суровина, пченицата чија што цена ако лани летото беше 10 денари за килограм сега е 14 денари. Поради овие причини ние нема да ја намалиме цената на лебот и белите печива, вели Илија Павличковски, сопственик на “Фурна Диме”.
Државниот завод за статистика на крајот на минатата година измери благо намалување на цените на мало. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека падот на цените на дериватите се одразил врз инфлацијата која заклучно со декември лани на годишно ниво изнесува – 0,3 отсто.
-Според податоците за инфлација, има потврда дека цените на горивата имаат одраз врз вкупниот индекс на цените на мало бидејќи инфалцијата е во негативна зона заклучно со декември имаме инфалција од 0,3 проценти за цела 2014 –та година.Цените на одделни производи зависат од степенот на учество на трошоците на нафатата и дериватите во производството, изјави министерот Ставрески.
Цената на нафтата ќе продолжи да се намалува
Народната банка во последниот квартален извештај посочи дека цената на нафтата на светските безри ќе продолжи да се намалува и оваа година.
-Се очекува дисбалансот помеѓу пазарните фундаменти да продолжи и во 2015-та година, во услови на послаб раст на глобалната побарувачка на нафта и повисок раст на понудата. Во 2015 година,исто така,е извршена надолна ревизија на цената на нафтата, и сега се очекува нејзин умерено поголем пад во однос на априлската проекцијa,се наведува во извештајот.
Според пргнозите на НБРМ трендот на намалување на цената на нафтата ќе почне да стагнира дури во 2016-та година. Централната банка укажува дека ризиците за цената на нафтата се претежно нагорни, при што главната неизвесност произлегува од евентуалното ескалирање на тензиите во Ирак и кризата во Украина.
Ј.С.
Слично
