Економија, финансии, бизнис

Контакт

По падот на цената на горивото, Американците купуваат поголеми возила

По падот на цената на горивото, Американците купуваат поголеми возила
Падот на цената на еден галон во САД на просечни 2 долари предизвикува големи промени во економијата. Рестораните и баровите бележат најголем раст во последниве колку години, а граѓаните се почесто ги возат возилата, а и купуваат поголеми автомобили и поголеми камиони. Довербата на потрошувачите е на највиоско ниво во последниве 11 години, а домаќинствата со најниски примања покажуваат најголем напредок. Во некои домаќинства заштедите поради евтиното гориво се користат за исплата на долгови кои се собирале со години. Сепак, падот на цената на нафтата на голем тест го стави енергетскиот сектор каде има отпуштања и штедење, пишува „Вол стрит журнал“. Сепак, во целина економистите се сложуваат дека предностите од евтиното гориво ќе ги надминат негативните аспекти. Намлувањто на цената на галон на околу 2,04 долари е за 40 отсто пониска од овој период минатата година кога галон чинеше 3,68 долари. Во 27 држави ценат на галон е помала и од 2 долари. Со намалување на цената на горивото, пораст на приходите забележуваат рестораните, особено оние кои се во бизнисот со брза храна. Големиот пада на цената, пак, има сосема поинакви влијанија во Тексас, Северна Дакота каде компаниите отпуштаат вработени и пропаѓаат бизнисите поврзани со бушење. Ако цената на нафтата остане на 50 долари за барел, тоа ќе допринесе за годишна заштеда од 575 долари по жител, односно, речиси 1325 долари по домаќинство, оценува „Вол стрит журнал“.
Слично

Поврзани вести