Економија, финансии, бизнис

Контакт

По овие цени од полноќ ќе полните резервоари со гориво

По овие цени од полноќ ќе полните резервоари со гориво

Да поскапат нафтените деривати од полноќ реши регулаторната комисија.

Според новата одлука на регулаторното тело поскапува бензинот но и дизелот.

После полноќ возачите ќе ги полнат резервоарите со ЕУРОСУПЕР БС-95 кој ќе чини  72,50 ден/лит односно тој поскапува за 0,50 ден/лит . Нема промени кај цената на супер 98 и ќе се точи за 74 денари

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) бележи исто така раст на цената но за 1,50 ден/лит  и ќе се продава на бензинските пумпи по 66,00 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 54,50 ден/лит, а поскапува и мазутот М-1 НС кој ќе изнесува 34,351 ден/кг.

Овие цени важат во следните две недели.

Слично

Поврзани вести