Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ОДМОРОТ ВО ХРВАТСКА, ВО КУФЕРОТ ПРОНАШЛЕ НЕОЧЕКУВАН ГОСТИН, Овој одмор ќе го паметат засекогаш

ПО ОДМОРОТ ВО ХРВАТСКА, ВО КУФЕРОТ ПРОНАШЛЕ НЕОЧЕКУВАН ГОСТИН, Овој одмор ќе го паметат засекогаш

Враќањето од одмор во Хрватска секако ќе остане во сеќавање на една Австријка.

Според локалните медиуми, жената по распакувањето во куферот пронашла 18 скорпии.

Ова се случило минатата сабота во место во близина на Линц во Горна Австрија, а жената веднаш стапила во контакт со надлежната служба за контрола на животни.

- Скорпиите веројатно добро би се размножувале во Австрија, но тука не припаѓаат - ѝ рекол функционерот.

Овие мали животни ќе се вратат во родната Хрватска, од каде што не е прв пат скорпии да допатуваат иако изминуваат многу километри.

Како што пренесува Мирор, една жена од Линц исто така на крајот на јуни пронашла во својот стан скорпии, исто така по враќањето од Хрватска. Сепак, таа сфатила дури по три недели.

Додаваат дека ова е трет пат за помалку од една година некој да носи скорпии од јадранскиот брег во Австрија, па од службите за грижа на животнтие се шегуле дека на малите суштества дефинитивно не им е лошо кога „нелегално ја преминуваат“ границата.


 

Слично

Поврзани вести