По одложената седница на ДИК, власта и опозицијата се препукуваат
Партиите од власта и опозицијата се препукуваат, откако синоќа се одложи седницата на ДИК на која требаше да се усвои извештајот за спорните гласачи во избирачкиот список.
Од ВМРО – ДПМНЕ преку соопштение ги обвинија политичките противници дека намерно создаваат лажна слика за некакви фантомски гласачи.
„СДСМ вршеше терор врз ДИК, користејќи ги сите средства и манипулации, во обид да издејствува што повисока бројка на граѓани да биде предмет на проверка, да не случајно некој од нив се покаже како фантомски гласач,“-стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ се категорични дека треба да се проверат сите спорни гласачи и дека тоа е во согласност со методологијата што ја прифатија партиите на власта.
„Ја повикуваме ДИК да биде на нивото на сопствената задачата. Да носат одлуки согласно фактичните состојби во однос на избирачкиот список, да се направи проверка на секој сомнителен избирач што се наоѓа во избирачкот список. И, заедно со сите институции да помогнеме да се исчисти овој избирачки список и да влеземе во еден изборен процес кој ќе биде фер и демократски“- изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
Од СДСМ сметаат дека на ваков начин преку исчистен список, ќе ги зашитат гласачите и гласачкото право.
Слично
