Економија, финансии, бизнис

Контакт

По обидот за државен удар – штети за турската лира

По обидот за државен удар – штети за турската лира

Турската лира „потона“ синоќа поради обидот за државен удар во земјата, објавија светските медиуми.

Петок беше „црн ден“ за лирата. Оваа валута падна за околу 5% во однос на доларот, што е драматичен пад на валутата.

Вестите за случувањата во Турција почнаа да пристигнуваат откако завршиле тргувањата на финаниските пазари. Првите резултати покажале дека турските акции „потонале“ во просек за околу 2,5 %, а подоцна забележан е пад и од 6% во моментот кога уште не беше јасно кој ја има контролата над државата.

Од друга страна, пак овој пад на лирата не им оди во прилог на извозниците на Турција, кои имаа штети од клучните пазари, како што се Европската унија, Ирак и Русија.

Слично

Поврзани вести