Економија, финансии, бизнис

Контакт

По невремето во Загреб има и повредени

По невремето во Загреб има и повредени

Пет луѓе се повредени од силниот ветер кој дуваше во Загреб денеска, а имало и повеќе од 700 интервенции.

Силниот ветер уривал стебла, рекламни паноа, покриви и делови од фасади.

Улиците на Загреб се полни од скршени гранки. Имало проблеми и во градскиот превоз.

Полицијата ги предупреди граѓаните да не излегуваат ако не мораат.

Ударите од ветер биле околу 70 километри на час.

Државниот хидрометеоролошки завод издал предупредувања за речиси цела земја поради можност од силен ветер и екстремно количество на врнежи.

Слично

Поврзани вести