Економија, финансии, бизнис

Контакт

По неуспешниот пуч – се роди вистинскиот султан

По неуспешниот пуч – се роди вистинскиот султан

Италијански експерти и медиуми се со песимистички прогнози за иднината на Турција.

Тие денеска излегоа со песимистички анализи и прогнози за иднината на Турција по обидот за воен удар.

Франко Фратини, кој два пати беше министер за надворешни работи и заменик-претседател на Европската комисија, а сега е претседател на Италијанската компанија за меѓународна организација, ја оцени ситуацијата од гледна точка на Европската унија и врз основа на личното познанство со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Уште еднаш Европа покажа дека не постои. Но, и целата меѓународна заедница дејствуваше со прекумерна претпазливост. САД реагираа по повеќе од два часа, а ЕУ коментира таква сериозна ситуација само со кратка порака на Могерини на Твитер. Тоа се површни реакции на толку деликатни настани. Западните земји и најмногу Европа требаше веднаш да застанат на страната на Ердоган, кој е демократски избран претседател. Турција е премногу важна за стабилизирање на Сирија, за преземање на бегалци и за борбата против „Исламска држава". Како Русија, така и САД имаат интерес да ја манифестираат стабилноста во регионот. Точно е дека односите се деликатни, но во последните години Турција презеде чекори за зајакнување на довербата кон неа како стратешки партнер на западните земји. За пример можам да го истакнам помирувањето во односите со Израел, преземено од Ердоган. Би било лудост да се уништи сето тоа. Во последните години секогаш работев во поддршка на членството на Турција во ЕУ, но сега е многу тешко тоа да се случи "- рече Фратини.

Според Џенаро Малџиери, поранешен пратеник  и автор на повеќе од 15 книги на политички теми, последиците од обидот за преврат ќе бидат тешки и непредвидливи.

„Неоотоманските изливи на Ердоган не придонесоа за сплотувањето на Турција со нејзините традиционални сојузници и имаа последици надвор од Атлантската алијанса - непријателскиот однос кон Сирија и особено кон Русија и Путин“ - рече тој.

Без разлика како се оценува ситуацијата, Турција е на работ на пропаста, велат италијанските експерти.

Слично

Поврзани вести