Економија, финансии, бизнис

Контакт

По неуспешниот обид за пуч во Турција уапсени 6.000 луѓе

По неуспешниот обид за пуч во Турција уапсени 6.000 луѓе

Во Турција се уапсени 6.000 луѓе по неуспешниот обид за воен удар во петокот, а се очекува бројот на уапсени да расте.

Ова го изјави министерот за правда, Бекир Боздаг и ги нарече апсењата операција за чистење. Меѓу уапсените се високи офицери и 2.700 судии. Над 50 високи офицери денеска се уапсени во западната провинција Денизли.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека парламентот може да го разгледа враќањето на смртната казна. Повеќе од 265 луѓе загинаа во судирите при неуспешниот обид за преврат.

Ердоган смета дека имамот Фетулах Ѓулен, кој 15 години живее во САД го направил обидот за пуч за негово симнување од власт. Тој се закани дека ќе го уништи бунтот кој го нарече „вирус“ во турската држава и ќе продолжи чистката во сите државни структури. Ердоган вели дека благодарение на волјата на народот, обидот за државен удар извршен од „терористичка група“ е прекинат.

Ѓулен негираше поврзаност со настанот и рече дека е можно самиот Ердоган да го инсценирал воениот удар.

Ердоган ги повика САД да го екстрадираат во Турција имамот Ѓулен. Toj го аргументираше барањето за екстрадиција на Ѓулен со тоа што никогаш не одбил барање на САД да екстрадира „терористи“.

Американскиот државен секретар, Џон Кери кажа дека Турција мора да даде „легитимни докази“ со кои ќе ги поткрепи своите тврдења, и кои САД ќе ги разгледаат.

Слично

Поврзани вести