Економија, финансии, бизнис

Контакт

По квалитет на услуги „Александар Велики“ најдобар аеродром во Европа

По квалитет на услуги „Александар Велики“ најдобар аеродром во Европа

Наградата за најдобар аеродром во Европа ја доби Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во категоријата до два милиони патници годишно што ја доделува Меѓународниот аеродромски совет за 2012 година. Признанието се доделува врз основа на одговори на патниците во формуларите за испитување на квалитетот за аеродромските услуги.

Главниот оперативен директор на Холдингот „ТАВ аеродроми“ Мурат Орнекол денеска на прес-конференција истакна дека нивната компанија е почестена од оваа престижна награда за Скопскиот аеродром, кој што, како што рече, беше одново изграден и почна да дава услуги за многу кратко време, што се заснова на нивното знаење и искуство.

Меѓународниот аеродромски совет ја додели наградата на „Александар Велики“ во конкуренција на 275 аеродроми. Следна цел за годинава, според Орнекол е бројот на патници преку Скопскиот аеродром „Александар Велики“ да достигне милион. На крајот на минатата година преку аеродмромот во Скопје се превезени 906.871 патник.

Слично

Поврзани вести