По крахот во Италија евро/долар има сериозно намалување
По крахот во Италија евро/долар запиша сериозно намалување до 1,0583 долари за евро.
Според аналитичарите може да видиме уште пониски нивоа, откако во петокот податоците за вработувањето во САД имаа сериозно зголемување.
Како последица на очекуваната политичка дестабилизација во Италија рано утринава двојката евро/долар запиша сериозно намалување до 1.0583 долари за евро.
„Луѓето кои гласаа со „Не", победија“- изјави италијанскиот премиер, Матео Ренци за референдумот.
Тој додаде дека резултатот од референдумот е јасен и дека превзема целосна одговорност за поразот. Италијанците гласаа со 60% наспроти 40% против промени во Уставот на земјата. Одзивот беше изненадувачки висок.
Веста за повлекувањето на Ренцо ги раздвижи опозициските партии во земјата. Од „Форца Италија" сакаат демократите да состават нова Влада без Ренци, од Северната лига и од „Пет ѕвезди" сакаат предвремени избори.
