По која почетна цена ЗК „Пелагонија“ си ја продава златната кокошка?
6,7 милиони евра е сумата по која битолската агрокомпанија ЗК „Пелагонија“ ја продава златната кокошка.
Имено се работи за гасната централа во Логоварди која што има инсталиран капацитет за производство на 3 мегавати електрична енергија.
Дека оваа „златна кокошка“ е ставена на продажба станува јасно од понудата објавена на Македонската берза.
Таа централа произведува електрична енергија од биогас кој се добива од третман на изметот од кравите кои ги има оваа земјоделска компанија.
Слично
