Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО КОЈА ЦЕНА ЌЕ НИ „ДОТЕЧЕ“ БУГАРСКАТА СТРУЈА - Бектеши вели 400 евра е лага, но што говорат фактите

ПО КОЈА ЦЕНА ЌЕ НИ „ДОТЕЧЕ“ БУГАРСКАТА СТРУЈА - Бектеши вели 400 евра е лага, но што говорат фактите

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска изјави дека договор со Бугарија за набавка на електрична енергија за стопанството по пониски цени се уште нема затоа што се чека Европската комисија да ја ограничи цената на струјата за слободен пазар на 180 евра за мегаватчас.

Според министерот, чисто политиканство се гласините дека Македонија од Бугарија ќе купува електрична енергија по цена од околу 400 евра за мегаватчас.

- Веќе се најавени одредени мерки од страна на Европската комисија, која треба да ги реализира Бугарија како земја-членка. Нашиот потенцијален договор нема да се коси со таквите мерки. ЕУ може да носи одлука за замрзнување на цената на електрична енергија од 180 евра во наредниот период во склоп на ЕУ. Вон логика е ние да договараме цена од 400 евра за мегаватчас, рече Бектеши.

Инаку, во тој контекст вреди да потсетиме на текст кој го објави Фактор, во кој се нагласува фактот дека струјата е берзански производ и нема да ја добиеме „на лепе очи“. Веќе има референтна цена и за 2023 година и таа изнесува 380 евра за мегаватчас. На овие цени нашите фирми треба да платат и преносен капацитет, државни давачки и секако неизоставна трговска маржа

Бугарската струја што може да биде испорачана за фирмите во Македонија тешко дека може да биде поевтина од 410 евра за еден мегаватчас и тоа за периодот од почетокот на октомври па до крајот на декември, годинава.

Овој податок е официјален и е јавно достапен на веб страницата на Бугарска берза за електрична енергија (ИБЕКС) и е резултат од последната аукција за испорака на струја за последниот квартал годинава. Продавач е најголемата термоцентрала на Балканот Марица Исток 2 која се наоѓа кај Стара Загора во Бугарија. Производителот на пазарниот сегмент билатерални договори на ИБЕКС понудил закуп на 50 мегавати снага за периодот од 1 октомври до 31 декември годинава. Тоа се вкупно 110.450 мегаватчасови струја и за секој мегават купувачот платил 813 бугарски лева или околу 408 евра за мегаватчас. Доколку таа струја се носи за Македонија треба да се плати преносен капацитет кај систем операторите МЕПСО и бугарски ЕСО, а во нашата земја треба да се плати и ДДВ, а секако и трговска маржа.

И оваа купопродажба се однесува само на ангажиран капацитет за производство што е само една четвртина од тие 200 мегавати што ги најави премиерот Ковачевски...  

Слично

Поврзани вести