ДОБИЕНА БИТКА, БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: Студентите се сила, студентите се моќ!
Интервјуто со Христијан Давидовиќ од Студентски Пленум е направено синоќа пред студентите да го издадат последното соопштение со кое најавија дека остануваат будни во однос на ветувањата на Владата. Истакнаа дека поучени од досегашната транспарентност и инклузивност, остануваат будни и прогласуваат автономна зона. Студентскиот фронт не е затворен, соопштија студентите.
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Суспензија на Законот за високо образование за две години , полагањето на државиот испит се одлага за 2018 година. Што според Вас го предомисли премиерот за да отстапи од неговата непопусливост или сепак зад мекоста во разговорите со Студенсткиот и Професорскиот Пленум се кријат други намери?
Давидовиќ: Не би можел да знам што е она што го предомисли премиерот, но од страна на работната група, во којашто учествуваа и студенти од Студентскиот пленум, беа изложени многу силни аргументи зошто Законот треба да има одложно дејство за во меѓувреме да се работи на нов закон кој ќе ги задоволи барањата на засегнатите страни, а сите засегнати страни ќе учествуваат во работните групи кои ќе го изготвуваат новиот закон.
Фактор: Кои ќе бидат следни чекори на Студентскиот пленум и дали и натаму опстојувате на ставот дека ќе го запоседнете Универзитетот?
Давидовиќ: Не можам да го одговорам ова прашање во моментов, бидејќи тоа е одлука која треба да биде донесена од страна на Студентскиот пленум во целост, а до овој момент, кога го одговарам прашањево (06.02), таква одлука не е донесена.
Фактор: Дали прекинот на штрајкот на СОНК, спречениот обид за студентската окупација, ублажувањето на незадоволството кај Професорскиот пленум е со цел да ја дефокусира јавност со намера да го амортизира ударот од објавувањето на инкриминирачките документи кој подолг период ги најавува СДСМ за премиерот Груевски ?
Давидовиќ: Јас се надевам дека намерите се искрени, ослободени од задни намери, а како што напоменав во првото прашање не би можел да ја знам истата.
Фактор: Дали ова ќе биде студентска генерација што ќе влезе во македонската историја по тоа што ниту оваа ниту било која друга Влада ќе може да им каже што да правите и како да размислувате?
Давидовиќ: Ние сме таа генерација и ќе останеме такви.
Фактор: Каде ја гледате Македонија по 10 години?
Давидовиќ: Македонија за 10 години ја гледам како подобро место за живеење и развој на критичката мисла.

Слично