Груби: По изборите МВР ќе го раководи кадар на ДУИ
По завршувањето на изборите, заменик министерот во МВР од редовите на ДУИ ќе го преземе министерското место.
Ова денеска го изјави Артан Груби од ДУИ по завршување на преговорите меѓу партиите и постигнување на договор.
Техничкиот министер од СДСМ по изборите ќе се повлече независно од резултатите од изборите.
Груби рече дека партиите до 31 август ќе направат уште една проценка за тоа дали се исполнети сите услови за организација на изборите. Ако се исполнат условите, наредните предвремени парламентарни избори би се одржале на 11 декември.
Новиот министер за внатрешни ќе има право да донесе само 15 кадровски измени. Носењето на законот за внатрешни работи и надлежностите на министерот за внатрешни работи се одложува до 1 јануари 2017 .
