ПО ИНЦИДЕНТОТ СО РЕЖИСЕРОТ АНТОНИЈЕВИЌ, БЈЕЛОГРЛИЌ ЗАМИНА ОД СРБИЈА: Еве каде е фотографиран и во каква состојба
Веднаш по насилниот инцидент во Ниш со режисерот Предраг Гага Антонијевиќ, српскиот актер Драган Бјелогрлиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија
Тој во вторникот наутро беше на рочиштето во Обвинителството, а вечерта се појави на премиерата на филмот во кој а игра главната улога, наведуваат српските медиуми.
Хрватските пак, веќе објавуваат дека актерот бил фотографиран на аеродромот во Пула. По
слетувањето на аеродромот, тој изгледа видно расположен и насмеан, како ништо да
не се случило.
Бјелогрлиќ (57) во четвртокот во 14.40 часот слета авион на српската национална компанија на аеродромот во Пула. Пристигна во друштво на пријатели.
Пред неколку дена, Бјелогрлиќ заврши во притвор под сомнение дека физички го нападнал режисерот Предраг Антонијевиќ во хотелот „Амбасадор“ во Ниш и го удрил неколку пати во главата. Со одлука на Основното јавно обвинителство, мерката притвор беше укината по сослушувањето, а Бјелогрлиќ беше пуштен да се брани од слобода во понатамошниот тек на постапката.
ФОТО: (REX/FOTO KAZALIŠTE ULYSSES)
