Економија, финансии, бизнис

Контакт

По гласините дека ќе има одложување: законот за плаќање целосни придонеси стапува на први јануари!

По гласините дека ќе има одложување: законот за плаќање целосни придонеси стапува на први јануари!
„Законот е донесен и ќе стапи на сила на први јануари“ изјави министерот за финансии Зоран Ставрески на прашањето дали ќе има одложување на примена на законот, со кој се предвидува целосно даночување на хонорарците, со пензиско и социјално осигурување. Со ова миниистерот ги разби сите досегашни дилеми, бидејќи многумина очекуваа власта да ја одложи примената на законоот, по бројните реакции на бизнис фелата, но и на работниците, со оглед на тоа што по први јануари е можно намалување на хонорарите наместо плаќање на сите давачки за нив. Експертите стравуваат дека по примената на законот многу од работодавачите, во обид да намалат дел од трошоците, може и да одјават дел од своите вработени, како би се ослободиле од другите давачки како к-15, слободни денови за годишен одмор, породилно боледување и слично.
СЕ ЗА ПРИДОНЕСИТЕ: Кој мора да плаќа, кој е ослободен од давачки, како ќе се прават пресметките?
Законот предвидува вработените кои освен плата имаат дополнителен приход поголем од минималната плата, но и невработените кои имаат исто така имаат приход поголем од минимална плата за тоа тоа ќе плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Односно за овие хонорари наместо само 10% персонален данок, од следната година дополнително ќе се плаќаат и 17,6% за пензиско и уште 7,3% за здравствено осигурување. „Сите лица кои добиваат приходи врз основа на склучен договор за дело или авторски надомест, без оглед дали веќе се вработени некаде и таму им се плаќаат придонеси или пак станува збор за лица кои се невработени и како такви се водат во Агенцијата за вработување, ќе мора да плаќаат пензиско и здравствено осигурување за приходите“, објаснуваат од авторските агенциите за Фактор. При тоа, новите правила ќе важат ако нето-износот на надоместокот е поголем од минималната плата, односно од 9.590 денари. Оние лица пак, кои имаат приходи од повеќе договори, чиј поединечен  износ е под минималната плата, но кога ќе се соберат ако го надминат износот на минималната плата во тој случај ќе треба да плаќаат социјални придонеси. На следниот линк: Зошто нема одданочување на надоместоците на функционерите, судиите и спортистите?
Слично

Поврзани вести