ПО ФИНАНСИСКАТА КРИЗА: Како се менуваат банките?
Во годините по финансиската криза големите банки, како Goldman Sachs, Bank of America и Capital One Financial, се концентрираа повеќе на продажбата на средства отколку на своето вообичаено занимање - стекнување на компании. Во последно време ситуацијата се менува. Најмногу голeмите финансиски институции во САД почнаа да инвестираат, или барем да размислуваат да инвестираат во технологиии.
Еден светол пример ја вклучува Goldman, Bank of America и неколку од останатите играчи на Волстрит, кои се обидуваат да создадат платформа за кратки финансиски пораки, која ќе ги соочи со Bloomberg кои нудат слични услуги. Патот минува низ стекнување на компанијата Perzo. Минатата недела технолошката компанија Adaptive Path пак најави дека наскоро ќе премине во рацете на Capital One.
Арџун Сетхи од консултантската фирма AT Kearney, коментира дека интересот за стекнување на компании со технолошки фокус меѓу финансиските институции е зголемен драматично во текот на изминатата година и половина.
"Клиентите ни доаѓаат и не прашуваат како да ги оптимизираат технологијата и дигиталните можности", вели Сетхи. Според него се забележува јасно заматување на границите помеѓу традиционалното банкарство и придобивките од сопственоста на технолошка организација.
Мобилните плаќања се една од основните цели на банките, кои почнуваат да пројавуваат се посериозен интерес во областа. Неодамна The New York Times објави извештај со кој се потврдува дека финансиските институции се обидуваат да ги провоцираат барем дел од возбудата што е специјалитет на компании како Apple.
Излегувањето на Alibaba на берзата, заедно со платформата за мобилни плаќања - Alipay - екстра ја вжешти ситуацијата. Раздвижување во секторот е и најверојатната причина eBay да одлучи да ја оддели платформата за плаќања PayPal.
Банките се обидуваат да го стигнат технолошкиот сектор токму со инвестирања во технологии. Имајќи предвид дека многу од банките работат напорно за враќањето на позициите од пред кризата, а инвеститорите се скептични во врска со склучувањето на големи зделки, аналитичарите велат дека раководствата на финансиските институции се концентрирани во финансирањето на мали проекти во технолошкиот сектор.
Еден од примерите во овој поглед е "мобилен предизвик" на Citigroup. Станува збор за конкурс спонзориран од банката, кој има за цел да го стимулира иновативното размислување на развивачите на технологија за мобилни плаќања.
Влогот за финансиските компании е огромен, велат аналитичарите, бидејќи специјализирани предлози како Apple Pay и Google Wallet ја загрозуваат банкарската индустрија, и покрај тврдењата на нивните творци, дека се отворени за соработка со традиционалните бизнис.
K.K.
Слично
