По фантастичниот пад лани: Раст на БДП од 13,1 проценти во второто тромесечје годинава
Вкупната економија пораснала во вториот квартал за 13,1 процент, објави Државниот завод за статистика. Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година најмногу се должи на растот во трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46 проценти. Инаку о вториот квартал лани имаше пад од 12,7 процент, што значи дека двоцифрениот раст годинава се должи на сличниот пад лани кој се зема за основа.
Раст има и во секторите Рударство и вадење на камен, преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 11, 4 проценти и информации и комуникации од 5,7 проценти.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2021 година, номинално се зголемила за 14,9 проценти, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 70.2 проценти.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се
зголеми во номинален износ од 64,4 отсто.
