Економија, финансии, бизнис

Контакт

По експлозиите во Кина, осигурителните компании ќе платат 1,5 милијарди долари

По експлозиите во Кина, осигурителните компании ќе платат 1,5 милијарди долари

Двете експлозии во пристаништето Тјанџин во Кина, во кои минатата недела загинаа повеќе од 100 лица, направија и голема материјална штета.

Според проценките на кинеските медиуми и аналитичарот на ,,Кредит Свис", направената штета, осигурителните компании ќе ги чини 1,5 милијарди долари.

Силните детонации во третото најголемо пристаниште во светот, Тјанџин го оштетија индустриското и станбеното подрачје во радиус од неколку километри.

Осигурителните компании, вклучувајќи ги „Груп АГ“ и „Алијанц“, соопштија дека веќе добиле барање за отштета од своите клиенти погодени од катастрофата.

Слично

Поврзани вести