ПО ЕДНОВЕКОВНО ПОСТОЕЊЕ ФОРБС КОНЕЧНО НА БЕРЗАТА: Почетната понуда е 600 милиони дoлари
Престижниот
бизнис магазин Форбс, кој
постои повеќе од еден век, или конкретно 104 години, и има 45 лиценцирани публикации во 76 земји
низ целиот свет ќе излезе на берза.
Самиот Форбс денеска објавува дека компаниите Форбс Глобал медиа холдингс и Magnum Opus Acquisition Limited, SPAC (Special Purpose Acquisition Company, на крајот на годината ќе ги стават акциите на Форбс на почетна јавна понуда од 600 милиони долари.
Средствата ќе бидат наменети за дигитална трансформација, одржувајќи го високиот квалитет и приходот на компанијата.
Се проценува дека акционерите на Форбс, по затворањето на понудата, ќе станат сопственици на приближно 22 проценти од компанијата.
Инаку, Форбс е меѓу 50 -те најпосетувани страници на Интернет.
