Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ЕДНА НЕДЕЛА ПАУЗА: Денеска Владата бара заем од 32 милиони евра !

ПО ЕДНА НЕДЕЛА ПАУЗА: Денеска Владата бара заем од 32 милиони евра !

Денеска Министерството за финансии планира да позајми 32,2 милиони евра од домашните кредитори. Според објавените Проспекти за хартии од вредност, ќе се спроведат три акуции на државни харитии од вредност со рок на доспевање од 364 денови, 182 дена и 15 години. Ова задолжување следува откако минатата недела Министерството за финансии ги откажа најавените и планирани аукции со образложение дека тоа е во насока на сведување на домашното нето задолжување по основ на државни хартии од вредност кон нула.

Дополнителниот министер за финансии Кире Наумов го обвини министерството дека манипулира со јавноста, изјавувајќи дека задолжувањето е одложено затоа што немаше предвидено раздолжување минатата недела.

“Во месец септември по основ на домашно задолжување долгови за враќање доспеваат на 07-ми, 21-ви и 29-ти, а предвидени се уште аукции за задолжување на 20-ти и на 27-ми септември . Долгот што доспеваше на 7-ми во месецот се врати со средствата од аукцијата одржана ден претходно, со која дополнително јавниот долг се зголеми за нови пет милиони евра. Повторно се прави обид за манипулација со наводно намалување на домашно задолжување кон нула“ , изјави Наумов кој побара да се откажат сите акуции до планирани до 31 октомври.

На овој став реагираше кабинетот на министерот Миновски.

“Министерството за финансии и да ги откаже сите аукции на државни хартии од вредност до крајот на годината – што би предизвикало рушење на финансискиот пазар во земјава, опозицијата сигурно би барала друг начин да прикаже дека државата се презадолжува“, пишуваше во реакцијата.

Заклучо со вториот квартал Јавниот долг на земјата изнесува 4,2 милијарди евра или 45,3 % од Бруто домашниот производ. Во текот на изминатите години, задолженоста се зголемува и во апсолутен износ и како процент од БДП.

Во последните шест години, или во однос на состојбата во 2011 година, нивото е зголемено за 1,8 милијарди евра. Имено пред шест години Јавниот долг изнесувал 32% од БДП а сега е зголемен за 45,3%. Според овој критериум Македонија сеуште е во групата на умерено задолжени економии, но дел од аналитичарите сметаат дека овие бројки не се конечни, односно не ја одразуваат целосната состојба со задолжувањата со оглед дека во методологијата не се вклучени и оние заеми на јавниот сектор за кои не гарантира државата, а исклучени се и обврските на Народната банка. Инаку, според критериумот на Бруто надворешна задолженост, земјава е во групата на високо задолжени економии. Бруто надворешниот долг заклучно со првиот квартал од годинава изнесува 70,9% од БДП.

Утре, по основ на доспеани обврски кон домашните кредитори, Владата треба да врати 35,2 милиони евра.

Слично

Поврзани вести