По две години откако се откажа, Зиков повторно предложен за финансиски директор на МЕПСО
Љупчо Зиков, основачот на изданието „Капитал“, повторно е предложен од Владата да биде финансиски директор на АД МЕПСО.
- Секако дека сум информиран, и ја прифаќам оваа покана, сепак треба да поминат законските процедури за да бидам избран на оваа позиција, вели Зиков за „Фокус“.
Тој точно пред две години беше назначен на истата позиција, но се повлече по десет дена по негативните реакции на јавноста.
На својот профил на Фејсбук тогаш објави дека ја вратил поканата „за да ги задоволи хејтерите“.
Слично
