Економија, финансии, бизнис

Контакт

По долгогодишна борба со леукемијата почина поранешниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ

По долгогодишна борба со леукемијата почина поранешниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ

По долгогодишна борба со леукемијата на 53-години почина поранешниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Со фудбал почнал да се занимава во локалниот клуб Боров во кој и стана професионалец.

Две години подоцна се пресели во Војводина, а во 1990 година пристгнува во Црвена Ѕвезда со која стана Европски и Светски шампион.

После две години заминува во Италија каде настапуваше за Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, при што се здоби со статус на еден од најдобрите одбрамбени играчи во Серија А.

Во 1999 година беше прогласен за најдобар фудбалер на Југославија, а за репрезентацијата одигра 63 натпревари и постигна 10 погодоци. Ги водеше тимовите на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан,Торино, Спортинг, а беше селектор и на Србија.

Слично

Поврзани вести