Економија, финансии, бизнис

Контакт

По долго време поевтинува храната на светско ниво

По долго време поевтинува храната на светско ниво

По долго време за прв пат поевтинува храната глобално. Цените на храната почнаа да се намалуваат на светско ниво

Најголемо намалување има маслото за јадење и житариците, објави Агенцијата за храна на Обединетите нации. Жетвата на житарици ширум светот ќе достигне скоро 2,817 милијарди тони годинава. Таа е малку помала од претходната проценка, но сепак е на пат да има годишен рекорд. Цените на млечните производи се намалија за 1 отсто на месечно ниво.

Индексот на цената на растителното масло на ФАО падна за 9,8 отсто во јуни, делумно како резултат на падот на цените на палминото масло. Иако индексот на цените на житните култури се намали за 2,6 отсто во јуни, сепак на годишно ниво забележа раст од 33,8 отсто. Цените на пченката паднаа за 5 отсто, делумно поради повисоките приноси во Аргентина и подобрените услови за земјоделски култури во САД.

Претходно, 10 години храната во светот поскапуваше. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести