По долги години, започна исплата на К-15 во Национални шуми
Сојузот на синдикати на Македонија објави дека по подолго време за прв пат започнува исплатата на регресот за годишен одмор на вработените во јавното претпријатие „Национални шуми“.
- Како што беше договорено на состанокот помеѓу синдикатот СГИП при ССМ со директорот на ЈП Национални шуми, деновиве започна исплатаат на регресот за годишен одмор за вработените кој на сите враобтени ќе им биде исплатен до крајот на месецот.
Исплатата на регресот за годишен одмор е обезбедена од страна на директор од сопствени средства на претпријатието и истата се случува за прв пат после многу години, објави ССМ.
Од таму додаваат дека во наредниот период ќе продолжат разговорите и за останатите прашања кои се од интерес за работниците.
Слично
