Економија, финансии, бизнис

Контакт

По четврти пат одложена седница на комисијата за политички систем

По четврти пат одложена седница на комисијата за политички систем
Пратениците од опозицијата не учествуваа на седницата на комисијата за политички систем и односите меѓу заедниците, која денеска по четврти пат беше одложена. Претседателот на комисијата, Владимир Ѓорчев повтори дека специјалната обвинителка Катица Јанева не го почитува Уставот, иако во него и во Деловникот никаде не пишува дека таа мора лично да присуствува на седницата. Ѓорчев праша како Јанева е легитимна ако доставува извештај до  нелегитимното Собрание според неа и е избрана од нелегитимниот совет на обвинители. Пратениците од опозицијата претходно на прес конференција кажаа дека немаат намера да присуствуваат на седницата. Јанева јавно кажа дека нема намера да го образложува извештајот, затоа што тоа не е предвидено со закон.
Слично

Поврзани вести