Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Брегзит што ќе се случи со светскиот економски раст?

По Брегзит што ќе се случи со светскиот економски раст?

Намалена е прогнозата зa светскиот економски раст, по одлуката на Британците за напуштање на европската заедница.

Ваквата прогноза ја даде Меѓународниот монетарен фонд. Се предвидува дека светската економија ќе порасне за 3,1% во 2016 година и за 3,4% во 2017 година. Тоа е за 0,1 процентен поен помалку од предвидувањата во април и покажува „вознемирувачка стагнација“ во однос на 2015 година. ММФ го намали предвидувањето на британскиот економски раст за 2016 година за 0,2 процентни поени, на 1,7%, а за 2017 година го намали за 0,9 процентни поени, на 1,3%.  Сепак, ММФ не предвидува рецесија за Велика Британија.

Ситуацијата дополнително би можела да се влоши ако Лондон и неговите европски партнери не постигнат договор и не избегнат значително зголемување на фискалните и царинските тарифи.

Во такви околности голем дел од лондонскиот финансиски центар би бил премесен на друго место во Европа. Во тој случај падот на потрошувачката и инвестициите поголем од предвиденото би довел до рецесија во државата. Ако  се оствари ваквото црно сценарио, светскиот раст би можел да забави на 2,8% оваа година, а еврозоната би била изложена на остри тензии од банкарскиот сектор, пишува во извештајот на ММФ.

Светската економија е исправена пред глобални предизвици со бегалската криза во Европа, климатските промени, пандемиите и намалената цена на нафтата, оценија од Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка на пролетниот состанок во Вашингтон.

Слично

Поврзани вести