Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Брегзит: Производителите на автомобили размислуваат за преселување во Источна Европа

По Брегзит: Производителите на автомобили размислуваат за преселување во Источна Европа

Производителите на автомобили размислуваат за преместување на бизнисот во Источна Европа, по одлуката на Британија да ја напушти ЕУ.

Се бараат  квалификувани вработени и високи раководни кадри кои ќе можат да управуваат со екипите за истражување и развој во Романија, Унгарија и Бугарија. 

Ова го прават за да го задржат слободниот пристап до европските пазари, откако Британците одлучија нивната земја да ја напушти ЕУ, пишува британскиот весник „Гардијан". 

Една од овие компании - DHR International, која има канцеларии во 25 земји, истакнува дека бранот кон Источна Европа во последните години се зголеми по референдумот во јуни, бидејќи компаниите проценуваат колку ќе ги чини останувањето во Велика Британија.

DHR International наведува дека квалификуваните работници се за 40% поевтини во Источна Европа. Многу конкурентни компании кои сакаат да имаат корист од големиот број квалификувани работници веќе отворија фабрики во овој дел од Европа. Автомобилските компании исто така размислуваат за преместување на раководниот британски персонал, додава Ди Еч Ар.




Слично

Поврзани вести