ПО БРЕГЗИТ: Можни ли се барања за референдум и во Хрватска?
Лидерот на СДП и поранешен хрватски премиер, Зоран Милановиќ, по излезот на Велика Британија од Европската унија вели дека е можно ова прашање да се отвори и во неговата земја.
„Велика Британија никогаш немала мирна ситуација кога станува збор за членството во ЕУ. Одлуката ја донесоа главно припадниците на повозрасната генерација, додека младите биле доминантно за останување. Тоа е така во демократијата, а тие ќе живеат со овие последици“ - изјави Милановиќ.
Тој нагласи дека таа одлука има врска и со Хрватска, но смета дека нема посериозно да влијае врз хрватската стабилност.
Милановиќ додаде дека Хрватска ќе продолжи понатаму по својот пат. Тој смета дека во хрватската демократија, исто така, ќе се појават демократски барања за излез од унијата.
Хрватска на 1 јули 2013 година влезе во ЕУ. Тогаш славеа Хрватите во и надвор од Хрватска.
