Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Брегзит ЕУ ќе ги зголеми инвестициите во сиромашните земји од еврозоната

По Брегзит ЕУ ќе ги зголеми инвестициите во сиромашните земји од еврозоната

Следните чекори во процесот на интеграција на еврозоната по Брегзит може да опфатат поголеми инвестиции во посиромашните членки кои го користат еврото како своја валута, но само ако тие ги намалат ризичните врски меѓу владите и банките, изјави висок официјален претставник на ЕУ. 

Потпретседателот на Европската комисија, Јирки Катаинен посочи дека неговото политичко семејство, Европската народна партија, во која е вклучена и германската канцеларка Ангела Меркел, е подготвено да разгледа финансирање на инвестициите на слабите членки на еврозоната. 

Оваа визија за идниот развој на еврозоната веќе добива поголема поддршка од Германија и Франција со цел да се омекнат наметнатите мерки на штедење на сметка на развојните буџети, но потребна е поголема координација меѓу членките на ЕУ за ваков исчекор. Заклучоците се донесени на неодмнешниот самит на Европската народна партија во Малта.


Слично

Поврзани вести