По барањата на СЈО денеска ќе одлучува Кривичниот суд
Кривичниот суд денеска ќе решава по барањата на Специјалното јавно обвинителство.
Од Кривичен потврдуваат дека до нив СЈО доставило предлог и на поранешниот премиер, Никола Груевски да му биде определена мерка за обезбедување на присуство.
Тој заедно со екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски се осомничени во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски.
СЈО исто така бара притвор и за екс началникот на Петтата управа на УБЈ, Горан Грујовски кој е првоосомничен во случајот „Тврдина“.
Се бара притвор и за битолскиот градоначалник, Владимир Талески осомничен во предметот „Транспортер“ за малверзации со плаќање на училишен превоз во општината.
СЈО бара мерки на претпозаливост и за 6-мина припадници на полициската единица Алфи осомничени во случајот „Тортура“ за малтретирање на лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.
