Економија, финансии, бизнис

Контакт

По амнестијата од Иванов, осуден во Пуч излегува од затвор

По амнестијата од Иванов, осуден во Пуч излегува од затвор

Звонко Костовски од Пуч е првиот помилуван од  претседателот Ѓорѓе Иванов и веќе е на слобода.

До Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот на Претседателот на Р.Македонија е доставена одлука за помилување на осудено лице, при што Судија за извршување санкции веднаш ја достави одлуката на наделжно постапување на затворската инсистуција, за потполно слободување од натамошно издржување на казна затвор на осудениот З.К.,  кој со предлог спогодба КОК ПП бр. 131/15 од  25 март 2015 година е осуден на единствена казна затвор во траење од 3 години за кривичните дела Шпионажа од член 316 ст. 4 вв со член 24 од КЗ и Неовластено прислушкување од член 151 ст. 4 в.в со ст.1, а во врска со член 45 од КЗ“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Тој беше обвинет во предметот Пуч во кој се вклучени и  лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, службеник од општина Струмица, Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Костовски е единствениот кој се спогоди со судот и доби затворска казна додека останатите иако во неколку наврати седнаа на обвинителна клупа, сепак судењето за нив никако да започне. Се очекува помилувањата да ги  опфатат и нив, но за сега од судот велат дека ова е единственото решение од Иванов кое стигнало до нив.

Неофицијално и началникот на Петтата управа, Горан Грујовски е пуштен од домашен притвор, но за ова уште нема потврда од судот.

Слично

Поврзани вести