Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО 500 ЕВРА: Австрија ќе им плаќа на бегалците, за да ја напуштат земјата

ПО 500 ЕВРА: Австрија ќе им плаќа на бегалците, за да ја напуштат земјата

Во очајнички обид да ја надминат кризата со бегалците австриските власти планираат да им исплаќаат по 500 евра на мигрантите, за да ги напуштат границите на земјата, пишува британскиот весник The Daily Express.

Целосната сума ќе им биде дадена само на оние кои се согласуваат на оваа мерка, пред судот да донесе одлука за нивното барање за азил.

Драстичниот план е изготвен од министерот за внатрешни работи на Централноевропската држава Јохана Микл-Лаитнер, министерот за надворешни работи Себастијан Курц и министерот за одбрана Ханс Петер Дозкозил.

Од Министерството за внатрешни работи нагласиле дека Австрија е меѓу земјите кои имаат најголем број експулсации на мигранти. Сепак властите претставија нов план, според кој до 2019 година треба да бидат извршени 50 илјади депортации.

Слично

Поврзани вести