Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 3.000 евра за секој загинат во поплавите

По 3.000 евра за секој загинат во поплавите

На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје е донесена одлука за исплата на еднократна парична помош од 3000 евра за секој загинат во едно семејство.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски вели дека синоќешното невреме било како водена бомба која паднала врз градот.

Кажа дека во Стајковци и Сингелиќ тимовите за спасување успеале да се пробијат во 21 часот заедно со специјалците од МВР и армијата.

Трајановски рече дека се сретнал со сите безбедносни институции и надлежни за безбедност и спасување.

„Најпогодени општини беа Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром, а во другите општини немаше поголеми материјални штети. Дождот дојде од Скопска Црна Гора и најмногу ги погоди Сингелиќ, Стајковци и Смилковци. Има дваесетина човечки жртви“ - изјави Трајановски на денешната седница.

Предложено е до Владата да прогласи ден на жалост, а скопскиот и тетовскиот регион да се прогласат за кризни места.

Членовите од СДСМ бараат да бидат дел од сите тимови и комисии кои ќе ги прават проценките од поплавите.

Тие повикаа најдоцна до утре да се свика итна седница на Советот на Град Скопје за доделување на помош и за оние граѓани кои имаат големи материјални штети.

Советникот Идриз Орана од ДПА кажа дека во најскоро време ќе бара да се утврди одговорност за овие настани.

Отворен е прифатен центар во училиштето „Панче Арсовски“ за луѓето чии домови се урнати и дистрибутивен центар во основното училиште „25 Мај“ во Сингелиќ за вода, храна и облека за граѓаните кои се соочија со поплави.

Слично

Поврзани вести