Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 23 години се откажува од пратеничкото столче

По 23 години се откажува од пратеничкото столче
Лидерот на НСДП Тито Петковски на претстојните парламентарни избори нема да се кандидира за пратеник, објави „Утрински весник“. Петковски нагласува дека по 23 години поминати на пратеничката функција, се разочарал во македонската демократија. „Мојата приказна со Собранието заврши на 24 декември 2012 година, кога беше погазена демократијата и достоинството на пратениците. Оттогаш не се ни појавувам на седниците“, вели Петковски за весникот. Тито Петковски, заедно со Љубисав Иванов - Ѕинго се пратениците со најдолг стаж во македонското Собрание. Тој практично е пратеник од осамостојувањето, а извесно време беше и претседател на законодавниот дом. Во последниот парламентарен состав освен Петковски, НСДП ја претставуваа и Горан Мисовски, Соња Мираковска и Николче Ацевски.
Слично

Поврзани вести