Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 21 часот уште еден потрес во Скопје

По 21 часот уште еден потрес во Скопје

Вечерва по 21 часот, нов силен земјотрес е почуствуван во Скопје.

Многу граѓани на Скопје и околината се вознемирени  и ги напуштија своите домови. Во текот на денот имаше повеќе потреси, при што најсилен беше оној во 15.10 часот од 5,3 степени според Рихтер.

Околу 40 лица денеска се примени во градската болница „Наум Охридски“, а дел во болницата „8 Септември“ затоа што се повредиле во обид да избегаат надвор при земјотресот. Неколкумина се здобиле со скршеници.

Експертите не можат да потврдат дали ќе има нови потреси, а во текот на денот се апелираше до граѓаните да не паничат. Воедно беа споделени совети за тоа како граѓаните можат да се заштитат при земјотрес.

Слично

Поврзани вести