По 2.000 евра отштета за секој завеан автомобил во Атина
Отштета од 2.000 евра ќе плати компанијата концесионер на обиколницата на автопатот Атики Одос за секој од автомобилите што вечерва беа блокирани на патот поради обилните снежни врнежи во областа, објави „Катимерини“.
Отштета побара премиерот Киријакос Мицотакис, а компанијата се согласи.
Според проценките на владиниот портпарол, утринава на патот биле блокирани најмалку 1.200 автомобили, во кои сè уште има околу 200-300 луѓе.
На многу места, вклучително и во Атина, се забележани прекини на струја поради преоптоварување на трансформаторот. Надлежните се загрижени и за зголемувањето на вкупната потрошувачка на електрична енергија, иако функционира целиот расположлив капацитет. Вчера потрошувачката достигна 8.700 мегавати, а денеска се очекува да биде уште поголема. Денеска големопродажната цена на струјата во Грција е 280,81 евро за мегават-час или за 16 отсто повисока од вчера.
