Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 20 часа работа, прекината седницата во општина Центар

По 20 часа работа, прекината седницата во општина Центар
Утрово е прекината седницата на Советот на општина Центар, по  цели 20 часа работа. Советниците се стигнати до 13 точка, а се уште не е разгледана спорната точка 14 која предвидува измени на Деталниот урбанистички план за местото каде што се наоѓа црквата Свети константин и Елена. Новата седница е закажана за во четврток. Иако Жерновски неколкупати појасни дека нема да се урива црквата „Св. Константин и Елена“ пред Домот на АРМ, незадоволните граѓани вчера кршеа прозорци и маваа со јајца во бараките на општина Центар, додека внтре се одржуваше седница на советот. Потешкиот крај го извлече еден демонстрант кој беше полесно повреден и една од советничките во Центар која заврши со стакло во очите, по кршењето прозорци од страна на демонстрантите.
Слично

Поврзани вести