По 1963 година денешниот земјотрес е најсилен
Денешниот земјотрес е најсилен по оној во 1963 година кога Скопје беше разрушено.
По двата земјотреси со јачина од 2,9 и 3,8 степени според Рихтер утрово, во 15.10 часот земјотрес од 5,3 степени го погоди главниот град.
Граѓаните во паника ги напуштија домовите. Велат дека ваков страв одамна немаат почувствувано.
Во домовите паѓале слики, се кршеле чаши, а распукани се и ѕидовите во голем број згради. Дел од Скопје е без електрична енергија, а забележани се проблеми и кај водоводната мрежа.
За разлика од 63-та кога земјотресот изнесувал 6,1 степен денеска удар беше послаб но и пократко траел. Експертите објаснуваат дека земјотресите до 5,6 се силни, но не и разурнувачки.
Можело да има многу мал број на жртви. Ваквите потреси предизвикуваат паѓање само на објектите кои се премногу стари или пак не се градени според стандарди. Големиот земјотрес пак кој се случил после поплава на Скопје во 1961 година, однел 1070 жртви.
Регион каде често има појава на земјотреси е Валандово каде по 300 последнователни земјотреси главниот удар бил со јачина од 5,4 степени. И тогаш забележани биле само мали оштетувања на куќите.
Во земјава најсилниот земјотрес е регистриран во Пехчево со магнитуда од 7,4 степени. Тој е еден и од најсилните регистрирани земјотреси во Европа.
