Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 128 години работа „Вивлиополеио тис Естиас“ се затвора

По 128 години работа „Вивлиополеио тис Естиас“ се затвора

Економската криза во Грција остава трага и на културата бидејќи познатата книжарница во Атина „Вивлиополеио тис Естиас“ соопшти дека се затвора по 128 години работа.

Книжарницата била отворена во 1885 година од новинарот Јоргос Касдонис, кој во Грција се преселил од Будимшешта. Истата година, издавачката куќа „Естиа“, која ќе продолжи со работа, ја објави првата книга „Антологија на адолесцентите“.

Оттогаш „Естиа“ објавила над 11.000 книги, меѓу кои и делата на најпознатите грчки писатели од Александрос Пападиамантис и Костис Паламас до Танасис Валтинос.

Книжарницата од првиот ден била популарно место посетувано од писателите, новинарите и политичарите.

- Тоа е историска книжарница. Затворањето на книжарницата која има таква историја и долга традиција е жалосно, изјави писталот Василис Василикос

Слично

Поврзани вести