Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 11 месеци пауза повторно се воспоставува авио-линијата Скопје - Атина

По 11 месеци пауза повторно се воспоставува авио-линијата Скопје - Атина

По 11 месеци прекин поради пандемијата, од 15 февруари повторно ќе се вратат летовите меѓу Атина и Скопје, соопшти грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“.

Ова е наведено во претставувањето на плановите за обнова на линиите со одредени земји од поранешна Југославија.

Превозникот таму планира да ги врати летовите меѓу Атина и Скопје во следните 10 денови, а ќе се лета два пати неделно со авион од типот  „АТР42“.

Воздушната врска помеѓу двата главни градови е суспендирана на почетокот на ковид пандемијата лани во март.



Слично

Поврзани вести